Согласно Законот за даноците на имот на РСМ и Законот за општата управна постапка (Сл.весник на Р. Македонија бр.124 од 23.07.2015 година член 80) Општина Радовиш објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
За работно ангажирање на лица кои ќе вршат достава на решенија за данок на имот и комунална такса до физички и правни лица во Општина Радовиш. Работното ангажирање ќе биде во периодот од април до јули ќе се добива надоместок по учинок. Дополнително ќе бидат ангажирани во други термини по потреба со нивна согласност.
Кандидатите треба да достават барање, копија од документ за идентификација и телефон за контакт.
Предност ќе имаат кандидатите кои имаат искуство со достава.
Заинтересираните кандидати да се јават во период од 7 работни дена од денот на објавување на огласот, заклучно со 01.04.2026 година (среда).
Барањата може да се достават во просториите на Општина Радовиш бул. А.Македонски бр.7 соба бр.8 Одделение за даноци, такси и надоместоци или на е-маил адреса danocno@radovis.gov.mk
23.03.2025
Градоначалник
Љупче Почивалец






