Врз основа на член 22 став 1 точка 6 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр. 5/02), член 43 од Статутот на општина Радовиш (“Службен гласник на општина Радовиш” бр. 5/02), Градоначалникот на општина Радовиш објавува,
ЈАВЕН ПОВИК
за доставување на предлог-програми за реализација на
традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2024
I.Согласно донесената Годишна програма за активности од областа на културата бр. 08-1812/2 од 18.12.2023 год., и предвидените финансиски средства во Буџетот на општина Радовиш за 2024год., Градоначалникот на општина Радовиш го распишува овој јавен повик за доставување на предлог-програми со комплетна финанскиска конструкција за реализација на традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2024 во Радовиш.
II. Предлог-програмите треба да ги содржат следните податоци: период и локација на одржување, музичко-сценска програма, начин на организација на гастрономскиот дел со угостителски објекти, маркетинг-план и финансиска конструкција.
III. Заинтересираните правни лица (непрофитни организации, здруженија на граѓани, сојузи и сл.), предлог-програмите треба да ги достават до општина Радовиш, преку пошта на адреса: бул. Александар Македонски бр.7, Радовиш, или во архивата на општина Радовиш, со назнака – за Јавен повик за манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2024.
Покрај предлог-програмата, задолжително треба да достават и Тековна состојба издадена од Централен регистар на Р.М. не постара од 6 месеци.
Јавниот повик трае 30 дена заклучно со 24.07.2024 година.
Напомена: Нeкомплетните предлог-програми и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.
Изготвил : Игор Чапов
Одобрил : Весна Конзулова
25.06.2024 год. Градоначалник на општина Радовиш
Радовиш Ацо Ристов