ПОСТАВЕН МОНТАЖЕН ОБЈЕКТ ЗА КОНТРОЛА И МОНИТОРИНГ НА ПАТОТ КОН ПЛАНИНАТА ПЛАЧКОВИЦА

Намената на овој поставен објект, монтажна канцеларија-контејнер ќе биде за престој на службените лица кои ќе вршат мониторинг и контрола, со цел спречување на загадувањето на животната средина и контрола на лицата кои формираат диви депонии. Исто така од овде ќе се врши мониторинг на лицата и возилата кои превезуваат дрва од Планината Плачковица.

РАСЧИСТУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ КАЈ АВТОБУСКАТА СТАНИЦА

Започна расчистувањето на просторот кај автобускатата станица, простор кој беше запуштен подолго време и претставуваше проблем за жителите. Просторот ќе биде уредно исчистен и хортикултурно уреден.