Библиотеката во Радовиш доби донација на книги од Електродистрибуција
Директорот Мартин Димоски од КЕЦ Струмица при Електродистрибуција на Македонија донираше вредни книжни изданија на библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Станува збор за постари, но квалитетни дела. Градоначалникот Љупче Почивалец изрази благодарност до Електродистрибуција на Македонија и до директорот Димоски за овој значаен гест, истакнувајќи ја важноста од поддршката на културните институции. Воедно, беше изразена…
