Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето поднесено во е – урбанизам со постапка бр.53320 од ДПТУ ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕНЕРИНГ Трајче ДООЕЛ Кавадарци за одобрување Планска Програма за изработка на Генерален Урбанистички План за град Радовиш, КО Радовиш, Општина Радовиш, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.32/20) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Планска Програма за изработка на Генерален Урбанистички План за град Радовиш, КО Радовиш, Општина Радовиш.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање од ДПТУ ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕНЕРИНГ Трајче ДООЕЛ Кавадарци со ЕМБС 4129105 и седиште на ул.„Народна младина“ бр.3 Кавадарци со управител Трајче Грков за инвеститор Општина Радовиш, за одобрување Планска Програма за изработка на Генерален Урбанистички План за град Радовиш, КО Радовиш, Општина Радовиш со површина на опфат 649,00 ха.
-Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш со Решение бр.09-243/5 од 11.05.2023год. го разгледа барањето за одобрување на одобрување Планска Програма за изработка на Генерален Урбанистички План за град Радовиш, КО Радовиш, Општина Радовиш.
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам со предлог за одобрување бр.26-1071/2 од 17.08.2023г. констатира дека постапката може да се одобри, односно да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Планска Програма за изработка на Генерален Урбанистички План за град Радовиш, КО Радовиш, општина Радовиш, констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.в. на РМ’’ бр.32/20).
Соглсано горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Планска Програма за изработка на Генерален Урбанистички План за град Радовиш, КО Радовиш, општина Радовиш со тех.бр.3996 од Август 2023год. изработен од ДПТУ ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕНЕРИНГ Трајче ДООЕЛ Кавадарци.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областуредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
Изработил: ГРАДОНАЧАЛНИК
Елена Стефановска д.п Ацо Ристов