Градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, оствари прием со членовите на клубот за Muay Thai и кик-бокс „Адреналин“ од Радовиш.
Повод за средбата беше нивниот успешен настап на Државното првенство во кик-бокс, кое изминатиот викенд се одржа во Скопје, каде што освоија повеќе златни, сребрени и бронзени медали. За дел од младите борци ова беше и прво официјално натпреварувачко искуство, во кое за првпат го почувствуваа адреналинот во рингот.
Градоначалникот Почивалец упати честитки и до Мирче Василев за освоената титула и шампионскиот појас, кој го освои во земјата на Muay Thai -Тајланд, на престижниот Bangla Boxing Stadium, со што донесе значајно признание за Македонија.
Посакувајќи им уште многу спортски успеси, градоначалникот им се заблагодари што достојно го претставуваат Радовиш и Македонија, нагласувајќи дека локалната самоуправа секогаш ќе ги поддржува младите и перспективни спортисти.
















