Oпштина Радовиш во соработка со МЕН ЕНД МАУНТЕН e дел од Проектот „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ кој се однесува на масовна акција за чистење на дивите депонии, речните корита, парковите и останатите зелени површини во градот и населените места.
Главната акција ќе биде спроведена на 09.05.2025 год. – Петок , почнувајки 08:00 час. на повеќе локации и тоа:
-Ул.Калаузлиска – пат кон планината Плачковица
-Горен и долен тек на Радовишка река
-Градски парк Чам-баир
-Депонија на стар пат кон с.Воиславци
-бул.Александар Македонски
Вклучени соработници:
-ЈП ПЛАВАЈА
-Рудник Бучим
-СОУ Коста Сусинов
-Општинските основни училишта