ПРЕДМЕТ НА ДАВАЊЕ ПО ЗАКУП
Предмет на оваа објава е издавање под закуп на недвижни ствари–простории, делови од објектот СРЦ „25 Мај“ кој се наоѓа на ул. „ 8-ми Септември “ бр. 2, преку прибирање на затворените писмени понуди -по претходно донесен Заклучок наСоветнаОпштинаРадовиш и одлука на УО на ЈП Радовиш бр.08-39/22.
ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на доставување на затворени понудиимаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.
На јавната објава можат да учествуваат правни и физички лица коишто немаат никакви обврски спрема ЈПССО “Радовиш-2014”по било кој основ, како и други нерасчистени должничко – доверителски односи
Понудувачот може да поднесе понуда/пријава за учество,само за една недвижна ствар – просторија кој е предмет на закуп.
3.ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
1.Писмена понуда – конкретно за која просторија се работи, соценазазакупнинананедвижнатаствар – просторија, повисока или иста со утврдената минимална месечна закупнина во денари.
2.За трговски друштва :
-Доказ за регистрирана дејност и Решение од Централен регистар
3.За Здруженија на граѓани
-Решение од Централен регистар (не постаро од шест месеци)
4.Уплатница за депониран износ за учество на огласот – 5% од најниската месечна закупнина во денари
5.Изјава за непостоење на нерасчистени должничко доверителски односи по било кој основ со ЈПССО “Радовиш-2014”
МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ
Потребнитедокументиседоставуваат во седиштето на ЈПССО „Радовиш 2014“ во затворен плик со назнака: „За јавна објава заиздавањеподзакуп “
Рокот за поднесување на документите е 10 работни дена започнувајки од 23.05.2022год. (Петок) заклучно со03.06.2022 година (Петок).
Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
ОГЛАС (превземи) – ЛИНК