Врз основа на член 44, став 7 од Законот за Урбанистичко планирање (Сл. Весник Бр.32/2020) со предлог за одобрување на Планска програма од комисијата за урбанизам до Градоначалникот на општина Радовиш, Ви доставува предлог за одобрување на Планска Програма за изработка на УП вон опфат на урбанистички план Новопланиран СН 10(20) подземен кабелски вод од КП 991, КП 882/1 КО Подареш, општина Радовиш, со класа на намена, Е1, Е1.8, проектен опфат со површина 360,22 м2, КО Подареш, во Општина Радовиш.
По предлог за одобрување на Планска Програма од страна на Комисијата за урбанизам, Градоначалникот го донесува следното:
РЕШЕНИЕ
СЕ ОДОБРУВА Планска Програма во е-урбанизам со број на постапка: 43182 за изработка на УП вон опфат на урбанистички план Новопланиран СН 10(20) подземен кабелски вод од КП 991, КП 882/1, КО Подареш, во општина Радовиш, со класа на намена: Е1, Е1.8, проектен опфат со површина 360,22 м2, КО Подареш, во Општина Радовиш, со тех. бр.73/2022, мај 2022, изработена од ДПТУ ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН дооел Охрид, за потребите на инвеститор ЕВН Македонија АД Скопје, КЕЦ Струмица.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До општина Радовиш доставено е барање за одобрување на Планска Програма за изработка на УП вон опфат на урбанистички план Новопланиран СН 10(20) подземен кабелски вод од КП 991, КП 882/1, КО Подареш, општина Радовиш, со класа на намена, Е1, Е1.8, проектен опфат со површина 360,22 м2, за потребите на инвеститор ЕВН Македонија АД Скопје, КЕЦ Струмица.
Во прилог на барањето е доставено:
Планска Програма за одобрување на изработка на УП вон опфат на урбанистички план Новопланиран СН 10(20) подземен кабелски вод од КП 991, КП 882/1, КО Подаре, општина Радовиш, со класа на намена, Е1, Е1.8, проектен опфат со површина 360,22 м2, КО Подареш, во Општина Радовиш, со тех. бр. 73/2022, мај 2022, изработена од ДПТУ ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН дооел Охрид
Ажурирана подлога со граница на плански опфат.
Од страна на Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Радовиш, со Решение бр.26 – 232/1 од 01.02.2022год. беше разгледана доставената документација за одобрување на Планска Програма за изработка на УП вон опфат на урбанистички план Новопланиран СН 10(20) подземен кабелски
вод од КП 991, КП 882/1, КО Подареш, општина Радовиш, со класа на намена, Е1, Е1.8, проектен опфат со површина 360,22 м2.
Предлог за одобрување на Планска Програма бр. 26-1014/2 од 04.04.2022 год. е потпишана од комисијата за урбанизам и доставена до Градоначалникот.
Врз основа на горе наведеното Градоначалникот одлучи како во диспозитивот на оваа Решение.
Упатство за правно сртедство: Против ова решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот наприемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлажен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.
Доставено до
Барател
Архива
Изработил
Сузана Ѓоргиева
Градоначалник
Ацо Ристов