Врз основа на член 48 од Законот за административните службеници (,,Сл.весник на РМ бр. 27/14,199/14,48/15,154/15,5/16,142/16 , 11/18 и Сл.весник на РСМ бр.275/19,14/20 , 215/21,99/22 и 208/24) и член 2 од Правникот за формата и содржината на интерниот оглас,начинот на поднесување на пријавата за унапредување,начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција,во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Сл. Весник на РСМ бр.259/2024),Општина Радовиш, објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС број 1 /2024 за пополнување на работно место со унапредување
- Шифра: УПР0101В01000
Назив:Советник за социјална заштита и заштита на децата,Одделение за јавни дејности и општи работи/Сектор за нормативно-правни,јавни дејности и општи работи-1(еден) извршител.
-Посебни услови:
Стручни квалификации-ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
Вид на образование: правни науки или социјална работа и социјална политика или образование.
Работно искуство-најмалку три години работно искуство во струката.
-Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
-решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
-учење и развој;
-комуникација;
-остварување резултати;
-работење со други/тимска работа;
-стратешка свест;
-ориентираност кон клиенти/засегнати страни;и
-финансиско управување.
-Потребни посебни работни компетенции:
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски,француски,германски);
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
-Работно време: понеденик до петок, од 07. 30-15 .30 часот,40 часа неделно работно време.
-Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 37.175,00 денари.
- 2. Кандидатот кој аплицира на интерниот оглас треба да ги исполнува и следните општи услови:
–да е државјанин на Република Македонија;
-активно да го користи македонскиот јазик;
-да е полнолетен;
-да има општа здравствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија,дејност или должност.
-На интерниот оглас може да се јави административен службеник,вработен во Општина Радовиш,кој ги исполнува горенаведените општи и посебни услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во овој закон и актот за систематизација,како и:
-да е оценет со оцена ,,A”или ,,Б”при последното оценување;
-да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;
-да поминал најмалку две години на истото ниво и
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
-Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови,можат да ги приложат и следните докази:
-потврди за успешно реализирани обуки
-потврди за успешно реализирано менторство
-Рокот за доставување на пријавите изнесува 10(десет) дена,од денот на објавувањето на огласот.
-Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место(доколку истите ги немаат предходно доставено во персоналното досие)преку архивата на Општина Радовиш до Одделението за управување со човечки ресурси на адреса ОпштинаРадовиш,бул.Александар Македонски бр.2 како и до службената електронска адреса resursi@radovis.gov.mk со назнака ,,за интерен оглас”.
-Ненавремена,нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување.
-Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на Секретарот на Општина Радовиш.
НАПОМЕНА:Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.
Составил/Емилија Тамакарова
Контролирал/Петар Поп-Лазаров
Секретар,
Љупче Почивалец