Врз основа на чл.22, став 1, точка 8 од Законот за Локална самоуправа, чл. 43, став 1, од Статутот на општина Радовиш, Правилникот за доделување на стипендии на талентирани ученици од основното и средното образование во општина Радовиш бр.08-1656/1 од 17.10.2018 год., а согласно Заклучокот од Советот на општина Радовиш за прифаќање на иницијативата за доделување на четири останати недоделени стипендии на ученици од основно и средно образование по основ на социјален карактер бр. 08-231/1 од 31.01.2023 год.и Записникот на Комисијата за доделување стипендии на општина Радовиш бр. 09-177/28 од 09.02.2023 год. Градоначалникот на општина Радовиш донесува,
Р Е Ш Е Н И Е
за доделување на дополнителни стипендии на ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2022/2023 год.
Член 1
Општина Радовиш дополнително доделува 4 (четири) стипендии – по основ на социјален карактер за учебната 2022/2023 година, на:
1.Драгана Јованова, ООУ „Крсте П.Мисирков“
2.Славче Васев, ООУ „Коста Рацин“
3.Мите Митев, ООУ „Коста Рацин“
4.Викторија Васева, ООУ „Коста Рацин“
Член 2
Висината на стипендиите по основ на социјален карактер е 2.500 (две илјади и петстотини) денари за ученици во основното образование, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година, односно од Октомври до Јуни – додека трае учебната година.
Општина Радовиш ќе склучи посебен Договор со секој корисник на стипендија.
Член 3
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави на web страната на општина Радовиш, како и на огласната табла на ЕЛС општина Радовиш.
Изготвил : Игор Чапов
Одобрил : Љупче Почивалец
10.02.2023 год. Градоначалник на општина Радовиш
Радовиш Ацо Ристов