Согласно оперативниот план на Владата на Р.С.М. за 2024 година, Програмата за активности на општина Радовиш од областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2024 бр: 08-1815/2 донесена на Советот на општина Радовиш на 18.12.2023 год. и предвидените средтсва во Буџетот на општина Радовиш за 2024 год., Градоначалникот на Општина Радовиш, распишува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за ангажирање на 5 (пет) работници за изведување на јавни работи во град Радовиш и
7 (седум) работници за изведување на јавни работи за населените места : Ињево, Воиславци, Калуѓерица, Злеово, Јаргулица, Подареш и Ораовица за 12 месеци
I.Услови за пријавување:
а) долгорочно евидентирани невработени лица
б) ниско квалификувани невработени лица
в) лица над 55 години
Пријавувањето ќе се врши во просториите на општина Радовиш во Архива, од 08.02.2024 а најдоцна до 12.02.2024 година, секој ден од 7:30 часот до 15:30 часот.
Заинтересираните лица можат да подигнат формулар за пријавување во просториите на општина Радовиш во Архива секој ден од 7:30 часот до 15:30 часот.
- Права и обврски на лицата
-За лицата кои ќе бидат избрани и ангажирани, предвидена е финансиска поддршка во износ од 13.000 (тринаесет илјади) денари месечно за едно ангажирано невработено лице, во кои е вклучен персонален данок на доход, осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
-За време на вршењето на јавните работи, ангажираните невработени лица не ги губат правата по основ на невработеност.
-Со секое од избраните лица, по извршениот избор, општина Радовиш ќе склучи посебен договор во времетраење од 12 месеци
Избраните лица ќе работат на следните работни задачи:
-Одржување на градските и руралните паркови;
-Одржување и чистење на објектите и нивната околина кои се во сопственост на ЕЛС Општина Радовиш;
-Одржување и чистење на речните корита и зелените површини покрај стамбените згради;
-Чистење на локалните патишта и улици и чистење на канафки и канали (на ниво на општина);
-Обележување на локалните патишта и улици со хоризонтална и вертикална сигнализација
Изготвил: Игор Чапов
Одобрил: Љупче Почивалец
Градоначалник на општина Радовиш