ОДРЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ

Во саботата во организација на БК Бучим –Радовиш се одржа Меѓународниот традиционален турнир во борење.   Турнирот беше организиран  по третти пат, а дел од наградите и признанијата беа доделени од страна на Градоначалникот Ацо Ристов.

ТЕМАТСКА ДЕБАТА „ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ВО ЕВРОПА“

Градоначалникот Ацо Ристов зеде учество на заедничкиот консултативен комитет КоР-Македонија.   Во Скопје беше одржана тематска дебата на темата „Енергетската криза во Европа-што македонските општини можат и треба да прават“. На дебатата Градоначалникот Ристов имаше своја презентација за проектот „Зелена топлина“ кој е во фаза на спроведување во нашата општина.