Општина Радовиш како имател на информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер обезбедува јавност и отвореност во работата, и им овозможува на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.Согласно чл. 8 од ЗСПИЈК за службено лице одговорно за остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер е поставено:
ВЕСНА КОНЗУЛОВА
v.konzulova@radovis.gov.mk
НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ:
Слободен пристап до информации имаат сите правни и физички лица. Слободен пристап до информации имаат и странски правни и физички лица во согласност со овој и друг закон.
Образецот на Барањето содржи назив на Имателот на информацијата, личното име и презиме на Барателот на информацијата, податоци за можниот застапник или ополномоштеното лице, фирмата или правното лице, опис на информацијата со која сака да се запознае, на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација и на каков начин да му се достави бараната информација. Барање може да се поднесе пополнето и на обичен лист хартија но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.
ОБРАСЦИ:
Образец – барање за информации од јавен карактер (PDF)
Образец – жалба (PDF)
ПРОПИСИ
ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ
Барањата за пристап до информации од јавен карактер граѓаните можат да ги пратат по електронски пат на службеното лице или по пошта на следната адреса:
v.konzulova@radovis.gov.mk
ОПШТИНА РАДОВИШ
ул. Александар Македонски бр.7
2420 Радовиш