ЗАВРШУВААТ АКТИВНОСТИТЕ НА УЛ. „ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ БАТО“

Градежните работи на улицата „Видое Смилевски Бато“ се во завршна фаза. „Со оваа улица конечно решивме приоритет кој долго време се чекаше“ истакна Градоначалникот Ацо Ристов. Изградбата на оваа улица, заедно со комплетна комунална инфраструктура изнесува 6,5 мил.денари.

ЗАПОЧНУВАМЕ СО ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, денес беше на увид во градежните работи на изградбата на локалниот пат – обиколница, која ги поврзува улиците Плачковица и Калаузлиска во должина од 906 метри, како дел од Проектот „Туризмот – иднината на регионот“. Овој проект кој е во соработка со Центарот за развој на југоисточниот плански регион…