Потпишан договорот за финансирање на проектот „Регулација на дел од речното корито на Ораовичка река„

Градоначалникот Ацо Ристов вчера во Министерството за животна средина и просторно планирање го потпиша договорот за финансирање на проектот поднесен од Општина Радовиш за „Регулација на дел од речното корито на Ораовичка река„ с. Ораовица. Финансиската поддршка од Министерството за вакви проекти овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализација, водоснабдување и управување со…

Општина Радовиш ќе добие прочистувачи на воздух со цел подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух.

Градоначалникот Ацо Ристов вчера во Владата на Република Македонија потпиша договор за доделување за трајно користење без надомест на напредни системи за прочистување на воздухот од реномираниот германски производител MANN+HUMMEL   Прочистувачите претставуваат мобилни системи со висока ефикасност, дизајнирани за елиминирање до 99.995% од вируси, бактерии и микроорганизми, со сертифицирани филтри според стандарди. Овие уреди…

Поставување на мерки за смирување на сообраќајот (Издигнати пешачки премини) на улици во Радовиш

Врз основа на овој сообраќаен проект се планирани вкупно 10 (десет) издигнати пешачки премини и тоа на улиците: Кеј 8-ми Септември (3), 22 Октомври (3), Илинденска (1), Плачковица (2) и Св. Спасо радовишки (1).  

Работен состанок од проектот “Зелена Топлина“ а во врска со имплеметирањето на проектната активност за поставување на топлински пумпи

Во рамките на проектот “Зелена Топлина“ а во врска со имплеметирањето на проектната активност за поставување на топлински пумпи на предвидените објекти во општина Радовиш се одржа работен состанок помеѓу Градоначалникот на општина Радовиш, Изведувачот АИРКОН доо од Скопје и надзорот Тетрактис доо од Скопје.  

Состанок на локалната група на клучни чинители од проект „Зелена топлина“

  Во Радовиш денеска беше одржан состанок на локалната група на клучни чинители од проект „Зелена топлина“, на кој беше презентирана „Програмата за енергетска ефикасност“ на Општина Радовиш за периодот 2025 до 2028 година. Исто така беше одржана презентација на „Бизнис моделот на ЕЛРАД Енерџи ДООЕЛ“ , за на крај биде одржана отворена дискусија и…

Зафаќање на поројните води од ул. Илија Алексов. Увид во работите на изградбата на атмосферската канализација

Интензивно со работи на изведбата и изградбата на атмосферската канализација – зафаќање на поројните води од ул. Илија Алексов, кој претставуваше еден децениски нерешен проблем каде што за време на поројни врнежи од дожд се поплавуваа имотите и домовите на граѓаните. Градоначалникот Ацо Ристов изврши увид во работите на овој проект кој треба да биде…

Премиерот Мицкоски заедно со Градоначалникот Ристов во посета на започнатите инфраструктурни објекти кои се реновираат во Општина Радовиш

Денеска претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, заедно со Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и Министерот за локална самоуправа Златко Перински го посетија Радовиш каде што присуствуваа на настанот по повод возобновувањето на претворањето на постојната стоковна куќа во современ мултифункционален центар и музеј. Градоначалникот Ацо Ристов заедно со гостите од…

Пуштена во употреба реконструираната спортска сала „25 Мај“ во Радовиш

  На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој изрази очекување голем број одбојкарски, кошаркарски, ракометни репрезентативци да произлезат од овој објект, затоа што Радовиш во минатото бил расадник на многу македонски спортски великани. „Ние како Влада ќе продолжиме да ги поддржуваме ваквите проекти. Спортот ни е во фокусот. Како што кажа и министерот, без инфраструктура…

Тековни работи од реконструкцијата на спортската сала во Радовиш

Посветеноста за иднината на нашите сограѓани – за посилна и здрава младина, за посветена поддршка на спортот и на младите подолжува со рекострукцијата на Спортската сала во Радовиш која е во тек. Со оваа инвестиција од 20 милиони денари треба да се врати сјајот на салата и ќе се поттикнат уште повеќе спортски настани во…

Започна реконструкцијата на спортската сала. Министерот Борко Ристовски го посети Радовиш

Се продолжува со посветеност за иднината на нашите сограѓани – за посилна и здрава младина, за посветена поддршка на спортот и на младите, кои се нашата гордост и наша иднина, каде што денеска започнуваме со реконструкција на Спортската сала која и беше потребна многу порано.   Сакам да истакнам благодарност до Министерството за спорт и…