ИЗРАБОТЕНА Е КАРТА НА ОПАСНОСТ ОД ПОПЛАВИ ЗА ГРАД РАДОВИШ

Во рамки на проектните активности на ECO-DRR Македонија (екосистемско базирано намалување на ризици од катастрофи), финансиран од страна на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) се одржа 3-та работилница на која беа претставени три различни верзии од Картата за опасност од поплави од Радовишка река за град Радовиш. Изработена е од страна на јапонски експерти…

ПРОЕКТ ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА: ОДРЖАН ПРВИОТ СОСТАНОК НА ЛОКАЛНАТА ГРУПА НА ЧИНИТЕЛИ

Во Радовиш се одржа првиот состанок на Локалната група на чинители за проектот Зелена Топлина, финансирана од Европската Унија. Проектот има за цел да воведе комунално централно греење базирано на обновливи извори на енергија во пет јавни згради во градот. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, кој го презентираше проектот пред членовите…

НОВИТЕ ДИГИТАЛНИ УСЛУГИ ДОСТАПНИ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Со успешната реализација на проектот ‘Пост-КОВИД: Општините како двигатели на одржливиот развој’ кој се реализираше во соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој и партнерство со Општина Конче, новите услуги веќе се достапни за граѓаните. Новата дигитална алатка опфаќадваесет општински услуги со можноста задополнително проширување…

РЕАЛИЗИРАНА ИЗГРАДБАТА НА УЛИЦА „ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ БАТО“

Со последната фаза од градежните работи, денес се комплетира изградбата на улицата „Видое Смилевски Бато“ која изнесува 6,5 мил. денари. Продолжуваме со решавање на приоритетите на граѓаните.

ДЕЧИЊАТА ОД АЛИКОЧ ДОБИЈА КОМБИНИРАНА ЛИЗГАЛКА

  Денешниот сончев ден го посветивме на дечињата од населеното место Аликоч, повторно докажувајќи ја одличната соработка на општина Радовиш со рудниците Бучим и Боров Дол.   На радост на најмалите, денес на месното население им беше предадена донацијата на комбинирана детска лизгалка која се наоѓа во кругот на училишнот двор. На дечињата им посакуваме…

ЗАВРШУВААТ АКТИВНОСТИТЕ НА УЛ. „ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ БАТО“

Градежните работи на улицата „Видое Смилевски Бато“ се во завршна фаза. „Со оваа улица конечно решивме приоритет кој долго време се чекаше“ истакна Градоначалникот Ацо Ристов. Изградбата на оваа улица, заедно со комплетна комунална инфраструктура изнесува 6,5 мил.денари.

ЗАПОЧНУВАМЕ СО ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, денес беше на увид во градежните работи на изградбата на локалниот пат – обиколница, која ги поврзува улиците Плачковица и Калаузлиска во должина од 906 метри, како дел од Проектот „Туризмот – иднината на регионот“. Овој проект кој е во соработка со Центарот за развој на југоисточниот плански регион…

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ

  Како подготвителни активности од спроведувањето на проектот „Зелена топлина“, во ЈОУДГ „Ацо Караманов“ и СОУ „Коста Сусинов“ активно се работи на подобрување на енергетската ефикасност. Во овие две установи ќе биде поставен нов систем на централно затоплување.  

ТЕМАТСКА ДЕБАТА „ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ВО ЕВРОПА“

Градоначалникот Ацо Ристов зеде учество на заедничкиот консултативен комитет КоР-Македонија.   Во Скопје беше одржана тематска дебата на темата „Енергетската криза во Европа-што македонските општини можат и треба да прават“. На дебатата Градоначалникот Ристов имаше своја презентација за проектот „Зелена топлина“ кој е во фаза на спроведување во нашата општина.  

НЕМИОТ СВЕДОК НА РАДОВИШ ДОБИВА НОВО УРЕДУВАЊЕ

Како дел од проектот „Културно – Историското наследство е нашето богатство“ кој во партнерство со општина Радовиш го спроведува Граѓанскиот Креативен Центар “КРЕА” – денес започнаа градежните активности околу радовишкиот Јавор. Со проектот е опфатена непосредната околина на јаворот заедно со паркот и со дел од крстосницата на улиците Гоце Делчев и Јавор. Постоечката ограда…