Врз основа на член 44, став 7 од Законот за Урбанистаичко планирање (Сл. Весник Бр.32/2020) Комисијата за урбанизам до Градоначалникот на општина Радовиш доставува предлог за одобрување на Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 водови за пренос на ел. Енергија – новопланиран подземен 10/20КВ вод од постојнаТС на КП 4138 до столб на КП 4135/1, за дел од КП 4138, КП 5131, дел од КП 4120/1 и дел од КП 4135/1, КО Радовиш вон град, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 320,00 м2 и должина на предвидена траса е 160,00 м1.
По предлог за одобрување на Планска Програма од страна на Комисијата за урбанизам, Градоначалникот го донесува следното:
РЕШЕНИЕ
СЕ ОДОБРУВА Планска Програма во е-урбанизам со број на постапка: 40772 за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 водови за пренос на ел. Енергија – новопланиран подземен 10/20КВ вод од постојнаТС на КП 4138 до столб на КП 4135/1, за дел од КП 4138, КП 5131, дел од КП 4120/1 и дел од КП 4135/1, КО Радовиш вон град, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 320,00 м2. Должина на предвидена траса е 160,00 м1. Планска Програма со тех. бр. ПП-У-32/21 од 11.2021год, изработена од СТУДИО АТРИУМ доо Штип, за потребите на инвеститор ЕВН–Македонија АД–Скопје КЕЦ Струмица.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До општина Радовиш доставено е барање за одобрување на Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 водови за пренос на ел. Енергија – новопланиран подземен 10/20КВ вод од постојнаТС на КП 4138 до столб на КП 4135/1, за дел од КП 4138, КП 5131, дел од КП 4120/1 и дел од КП 4135/1, КО Радовиш вон град, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 320,00 м2. Должина на предвидена траса е 160,00 м1., за потребите на инвеститор ЕВН–Македонија АД–Скопје КЕЦ Струмица.
Во прилог на барањето е доставено:
Планска Програма за одобрување на изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 водови за пренос на ел. Енергија – новопланиран подземен 10/20КВ вод од постојнаТС на КП 4138 до столб на КП 4135/1, за дел од КП 4138, КП 5131, дел од КП 4120/1 и дел од КП 4135/1, КО Радовиш вон град, Општина Радовиш, со тех. бр. ПП-У-32/21 од 11.2021год, изработена од СТУДИО АТРИУМ доо Штип.
Ажурирана подлога со граница на плански опфат.
Од страна на Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Радовиш, со Решение бр.26 – 232/1 од 01.02.2022год. беше разгледана доставената документација за одобрување на Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 водови за пренос на ел. Енергија – новопланиран подземен 10/20КВ вод од постојнаТС на КП 4138 до столб на КП 4135/1, за дел од КП 4138, КП 5131, дел од КП 4120/1 и дел од КП 4135/1, КО Радовиш вон град, Општина Радовиш, по што истата е потпишана и доставена до Градоначалникот со Предлог за одобрување на Планска Програма бр. 26-360/3 од 08.07.2022 год.
Врз основа на горе наведеното Градоначалникот одлучи како во диспозитивот на оваа Решение.
Упатство за правно сртедство: Против ова решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлажен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.
Доставено до
Барател
Архива
Изработил
Сузана Ѓоргиева
Градоначалник
Ацо Ристов