OДБЕЛЕЖАН ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА
Денес, во општинските основни училишта во општина Радовиш на свечен начин и со пригодни програми беше одбележан почетокот на новата учебна година. Во ООУ „Никола Карев“ и ООУ „Крсте П.Мисирков“ во име на Градоначалникот на општина Радовиш, на сите ученици од основното образование, среќен и успешен почеток им посака Секретарот на општина Радовиш, Љупче Почивалец.…