ЗАВРШУВААТ АКТИВНОСТИТЕ НА УЛ. „ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ БАТО“

Градежните работи на улицата „Видое Смилевски Бато“ се во завршна фаза. „Со оваа улица конечно решивме приоритет кој долго време се чекаше“ истакна Градоначалникот Ацо Ристов. Изградбата на оваа улица, заедно со комплетна комунална инфраструктура изнесува 6,5 мил.денари.

ЗАПОЧНУВАМЕ СО ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, денес беше на увид во градежните работи на изградбата на локалниот пат – обиколница, која ги поврзува улиците Плачковица и Калаузлиска во должина од 906 метри, како дел од Проектот „Туризмот – иднината на регионот“. Овој проект кој е во соработка со Центарот за развој на југоисточниот плански регион…

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ

  Како подготвителни активности од спроведувањето на проектот „Зелена топлина“, во ЈОУДГ „Ацо Караманов“ и СОУ „Коста Сусинов“ активно се работи на подобрување на енергетската ефикасност. Во овие две установи ќе биде поставен нов систем на централно затоплување.  

ТЕМАТСКА ДЕБАТА „ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ВО ЕВРОПА“

Градоначалникот Ацо Ристов зеде учество на заедничкиот консултативен комитет КоР-Македонија.   Во Скопје беше одржана тематска дебата на темата „Енергетската криза во Европа-што македонските општини можат и треба да прават“. На дебатата Градоначалникот Ристов имаше своја презентација за проектот „Зелена топлина“ кој е во фаза на спроведување во нашата општина.  

НЕМИОТ СВЕДОК НА РАДОВИШ ДОБИВА НОВО УРЕДУВАЊЕ

Како дел од проектот „Културно – Историското наследство е нашето богатство“ кој во партнерство со општина Радовиш го спроведува Граѓанскиот Креативен Центар “КРЕА” – денес започнаа градежните активности околу радовишкиот Јавор. Со проектот е опфатена непосредната околина на јаворот заедно со паркот и со дел од крстосницата на улиците Гоце Делчев и Јавор. Постоечката ограда…

ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ НА ПРОЕКТОТ – ЛОКАЛЕН ПАТ КОН ГРАДСКИОТ ВОДОВОД

По низа активности и напори кои директно беа превземени од страна Градоначалникот Ацо Ристов, конечно продолжуваат работите на локалниот пат Радовиш – пристап до градскиот водовод. Во тек е поставувањето на одводни пропусти со кои ќе бидат опфатени околните води а потоа ќе следуваат и завршните фази и асфалтирање на локалниот пат.   И ова…

ТППЕ РАДОВИШ СО НОВА ТЕХНИЧКА ОПРЕМА

  Денес, беше  реализирана  набавката на високо квалитетни рачни  радио станици, како дел од техничка опрема, согласно потребите на ТППЕ . Општина Радовиш, продолжува со финансиска подршка  на  неопходното тековно опремување  на  ТППЕ Радовиш.

ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА ДВА ПРОЕКТА ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, вчера во седиштето на Центарот за развој на Југоисточен плански регион, заедно со Директорот Ѓоко Камчев ги потпишаа Договорите за два витални проекта од јавен интерес за граѓаните.   Првиот договор е во износ од 10 мил.денари а се однесува на изградбата на локалниот пат – обиколница, која ги…

АСФАЛТИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ ДАМЈАН-ПОГУЛЕВО

Со полн интензитет се изведуваат градежните работи од тековните проекти во општина Радовиш Локалниот пат од село Дамјан до село Погулево се асфалтира. Трасата е во должина од 1,9 км., ширина од 3,5 м. Инвеститори на овој пат се општина Радовиш и Центарот за развој на Југоисточен плански регион а изведувач фирмата Портланд од Струмица.…

ЗГОЛЕМЕНА АКТИВНОСТ НА ТЕКОВНИТЕ ПРОЕКТИ

Со полн интензитет се изведуваат градежните работи од тековните проекти. Денес извршивме увид на градежните активности на локалниот пат од село Дамјан до село Погулево. Инвеститори на овој пат се општина Радовиш и Центарот за развој на Југоисточен плански регион а изведувач фирмата Портланд од Струмица. Трасата е во должина од 1,9 км., ширина од…