ПОСТАВЕН МОНТАЖЕН ОБЈЕКТ ЗА КОНТРОЛА И МОНИТОРИНГ НА ПАТОТ КОН ПЛАНИНАТА ПЛАЧКОВИЦА

Намената на овој поставен објект, монтажна канцеларија-контејнер ќе биде за престој на службените лица кои ќе вршат мониторинг и контрола, со цел спречување на загадувањето на животната средина и контрола на лицата кои формираат диви депонии. Исто така од овде ќе се врши мониторинг на лицата и возилата кои превезуваат дрва од Планината Плачковица.

РАСЧИСТУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ КАЈ АВТОБУСКАТА СТАНИЦА

Започна расчистувањето на просторот кај автобускатата станица, простор кој беше запуштен подолго време и претставуваше проблем за жителите. Просторот ќе биде уредно исчистен и хортикултурно уреден.

СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ НА КАЛУЃЕРИЦА И ПОДАРЕШ

Решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните, подобрување на инфраструктурата низ населените места беше тема за разговор на денешните средби со граѓаните од Калуѓерица и Подареш.   Градоначалникот Ацо Ристов и жителите разговараа за проектите кои треба да се реализираат во овие населени места.   #Радовиш #ПроектиЗаРадовиш

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА 13 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа, член 19 став 2 од Статутот на општина Радовиш и член 51  од Деловникот за работа на Советот на општина Радовиш, се донесе Решение за свикување на 13 седница на Советот на општина Радовиш.   Седницата ќе се одржи на 09.06.2022 година. (Четврток) во салата…