Свикан состанок на кризниот штаб на Општина Радовиш

Вечерва поради сериозноста од ширење на пожарот на планината Готен кoj ja зафати веќе и територијата на Општина Радовиш и Берово итно беше свикан состанок на кризниот штаб на Општина Радовиш во поширок состав. На состанокот беа договорени итните мерки кои ќе се преземат за понатамошниот тек на дејствијата за спречување на огнената стихија со…

Решение за одобрен Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште

Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето поднесено во E – урбанизам со постапка бр.73364 од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, за одобрување Проектна програма за Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП Ѓ3, Ѓ4, Ѓ5 и Ѓ6 (КП бр.3829/1 и 3829/3) во УБ „15“ УМ…

Општина Радовиш ќе добие прочистувачи на воздух со цел подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух.

Градоначалникот Ацо Ристов вчера во Владата на Република Македонија потпиша договор за доделување за трајно користење без надомест на напредни системи за прочистување на воздухот од реномираниот германски производител MANN+HUMMEL   Прочистувачите претставуваат мобилни системи со висока ефикасност, дизајнирани за елиминирање до 99.995% од вируси, бактерии и микроорганизми, со сертифицирани филтри според стандарди. Овие уреди…

Градоначалникот Ацо Ристов вчера потпиша договорите во Владата на Република Македонија од вториот повик од инструментот за капитални инвестиции.

Потпишани беа договорите за „Реконструкција со пренамена на Стоковната куќа во мултифункционален и културен центар со музејска поставка на Радовиш (втора фаза). и договор за „Реконструкција на културен дом „Ацо Караманов“ во Радовиш.   Со потпишување на овие договори ќе бидат комплетирани веќе започнатите проекти Градоначалникот Ацо Ристов упати голема благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски…

Соопштение за организирање јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички проект

бр.  26 – 321/6 17.02.2025 год   Врз основа на член 62 став(10) Законот за урбанистичко планирање („Сл. в. на РСМ“ бр. 32/20), Општина Радовиш  објавува :   СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВЕН УВИД Соопштение за организирање јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за КП 741 и 742 во КО Радовиш – вон…

Одржана 69-та Итна Седница на Советот на општина Радовиш

  Итноста за оваа седница ја образложи Претседателот на Советот, Страхил Гавритов како што информираше со цел да се изврши Измена и дополнување на буџет на Општина Радовиш за 2025 година и донесување на Одлука за измена и дополнување на буџет на Општина Радовиш за 2025 година – Прв Ребаланс 2025 година, а поради краткиот…

Оддадена почит и положено свежо цвеќе на споменикот на Дедо Дане Трајков-член на АСНОМ и херој на Плачковица

Денес на планината Плачковица, со положување на свежо цвеќе од страна на неколку делегации, беше оддадена почит на споменикот на Дедо Дане Трајков. Во организација на Сојузот на борците на спомен обележјето беа присутни повеќе од 150 гости кои му оддадоа почит на Дедо Дане а потоа имаа можност да уживаат во убавините на планината…

Заврши традиционалниот STREETBALL 3X3 „РАДОВИШ 2025“.

Оваа година по правилата на FIBA, на повеќенаменското игралиште во СОУ „Коста Сусинов“ се натпреваруваа вкупно 12 екипи од Македонија, Србија и Грција. Трето место на турнирот и парична награда од 15.000 ден. освои екипата „Крушевац“ од Република Србија, второто место го освои екипата „SOLUTIONX3“ од Скопје добивајки парична награда од 30.000 ден. а овогодишни…

Поставување на мерки за смирување на сообраќајот (Издигнати пешачки премини) на улици во Радовиш

Врз основа на овој сообраќаен проект се планирани вкупно 10 (десет) издигнати пешачки премини и тоа на улиците: Кеј 8-ми Септември (3), 22 Октомври (3), Илинденска (1), Плачковица (2) и Св. Спасо радовишки (1).  

ЈАВНА ОБЈАВА за уредно доставување на решенија за присилна наплата за данок на имот за правни лица за повеќе правни лица

Општина Радовиш ги известува сите правни субјекти дека поради неуспешна достава на решенијата за присилна наплата за данок на имот за правни лица на пријавените адреси во Оделение за даноци, такси и надоместоци при ЕЛС Општина Радовиш, Општина Радовиш изготви јавна објава за уредна достава на истите. По истекот на законски предвидениот рок ќе се…