Посета на Musa Beydili заменик градоначалник на Општина Кonya Кahraman од Република Турција
Во посета на Општина Радовиш денеска беше Emir Musa Beydili заменик градоначалникот на Општина Кonya Кahraman од Република Турција. Во кабинетот на Градоначалникот Ацо Ристов се разговараше за продлабочување на соработката со оваа пријателска општина од Турција, од каде што голем број на наши сограѓани од Јуручките села потекнуваат од овој дел на Турција.