ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ОД ПРОЕКТОТ „ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА“

Под наслов „ТРАНСФЕР НА ЗНАЕЊА, ИСКУСТВА И ДОБРИ ПРАКТИКИ“ вчера во општина Радовиш беше одржана заедничка средба на клучните чинители од проектот „ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА“. Гости а воедно и презентери на оваа тродневна активност се партнерите од општина Белишче од Република Хрватска, Г-ѓа Љерка Вучковиќ – Заменик Градоначалник како и претставниците Романо Клајнсчек и Игор Палох.…

29 ИТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Советот на општина Радовиш денес ја работеше 29 итна седница. Образложението за итноста на оваа седница на почетокот го објасни Претседателката на Советот Моника Трајанова, по што се продолжи со Дневниот ред кој беше за оваа седница.   На седницата Советниците имаа можност да донесат одлука за давање согласност на Програма за изведување на еднодневни…

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА ЗА ДОСТАВА НА РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ

Согласно Законот за даноците на имот на РСМ и Законот за општата управна постапка (Сл.весник на Р. Македонија бр.124 од 23.07.2015 година член 80) Општина Радовиш објавува:                          Ј А В Е Н  О Г Л А С   За работно ангажирање на лица…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОСТАВА НА РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ

Почитувани Граѓани Општина Радовиш ќе започне со електронска достава на решенија за данок на имот, поради тоа Ве повикуваме да испратите е-маил адреса на која сакате во иднина да ги добивате Решенијата . Вашите податоци (име и презиме, матичен број и е-маил) доставете ги на нашиот е-маил danocno@radovis.gov.mk   Ви благодариме

ГИ ПОДОБРУВАМЕ УСЛОВИТЕ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов беше во посета на подрачното училиште при ООУ „Орце Николов“ во Злеово. Беше извршен увид во успешно завршениот проект за оградување и партерно уредување на дворот на училиштето како и увид во училишните простории. Градоначалникот имаше и кратка средба со наставниот кадар, разговарајки за условите во училиштето и реалните…

ИЗРАБОТЕНА Е КАРТА НА ОПАСНОСТ ОД ПОПЛАВИ ЗА ГРАД РАДОВИШ

Во рамки на проектните активности на ECO-DRR Македонија (екосистемско базирано намалување на ризици од катастрофи), финансиран од страна на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) се одржа 3-та работилница на која беа претставени три различни верзии од Картата за опасност од поплави од Радовишка река за град Радовиш. Изработена е од страна на јапонски експерти…

СОСТАНОК СО БРЕЗА МАРЗЕНА ПРЕТСТАВНИК ОД SOCIEUX

Општина Радовиш започна соработка со SOCIEUX+ кој механизам за техничка соработка основан и кофинансиран од Европската Унија од Генералниот директорат за меѓународни партнерства на Европската комисија (DG INTPA), Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) и владите на Белгија, Франција и Шпанија. Механизмот се имплементира со партнерските организации: Агенција за експертска поддршка…

ОДРЖАНА 28 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ

28. седница на Советот на општина Радовиш денеска беше со дневен ред од 23 точки, и предложени 3 точки од дополнувањето на дневниот ред. Советниците имаа можност да разгледуваат и дебатираат за голем број на Предлог-решенија и Предлог-одлуки, но на почетокот имаа можност да постават Советнички прашања на кој одговор даде Градоначалникот на општина Радовиш,…

ПРОЕКТ ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА: ОДРЖАН ПРВИОТ СОСТАНОК НА ЛОКАЛНАТА ГРУПА НА ЧИНИТЕЛИ

Во Радовиш се одржа првиот состанок на Локалната група на чинители за проектот Зелена Топлина, финансирана од Европската Унија. Проектот има за цел да воведе комунално централно греење базирано на обновливи извори на енергија во пет јавни згради во градот. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, кој го презентираше проектот пред членовите…

ОПШТИНА РАДОВИШ ЦЕЛОСНО СЕ ВКЛУЧУВА ВО ПРОЕКТОТ ,,ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

12.05.2023 год. – Петок, ќе биде денот „Д“ за чист Радовиш. Како дел од Проектот „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“, општина Радовиш во соработка со општинските јавни претпријатија, јавните установи и институции, невладини организации и приватните компании ќе спроведе масовна акција за чистење на дивите депонии, речните корита, парковите и останатите зелени површини во градот и населените места.…