ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА РАДОВИШ ВО ПОСЕТА НА ЗБРАТИМЕНИОТ ГРАД БЕЛИШЧЕ ВО РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА
Во деновите од 9 до 11 Септември, делегација од општина Радовиш предводена од Секретарот на општината, Љупче Почивалец, беше во посета на збратимениот град Белишче во Република Хрватска. Повод за гостувањето беше одржувањето на традиционалната манифестација „Белишчанска златна есен“, во чии склоп се одржаа неколку културно-спортски активности. Покрај делегацијата од ЕЛС општина Радовиш, дел…