ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА СПОМЕНИКОТ НА ПАДНАТИТЕ БОРЦИ

Денеска по повод утрешниот празник 11 Октомври, Денот на народното востание, во Радовиш на споменикот на паднатите борци од НОВ беше положено свежо цвеќе и одадена почит кон загинатите од народно ослободителната војна. Делегација од општина Радовиш положи свежо цвеќе, ито така и повеќе делегации: делегација на Советот на општина Радовиш, делегација на Сојузот на…

ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРКА НА ОДОБРЕН УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ

  РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОПШТИНА РАДОВИШ Бр. 09 –1493/3                                                  од: 06.10.2022г.   ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРКАНА ОДОБРЕНУРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ЛИНИСКА ИНФРАСТРУКТУРНА ГРАДБА ЗА ИЗВЕДБА НА НОВОПЛАНИРАН 10(20)КV ПОДЗЕМЕН КАБЕЛСКИ ВОД ОД КП 1773/1 ДОКП 4171/1 КО РАДОВИШ ОПШТИНА РАДОВИШ   До:ДПТУ  ЕЛЕКТРО ДИЗАЈНдооелОхрид   Предмет  :     ПОТВРДА  за заверка на одобрен Урбанистички проект   Врска  :    …

ДЕЧИЊАТА ОД ЈОУДГ „АЦО КАРАМАНОВ“ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА РАДОВИШ

По повод Недела на детето, дечињата од ЈОУДГ “Ацо Караманов” денес ширеа насмевки меѓу граѓаните во општина Радовиш. Дечињата беа во посета во општината и таму се запознаа со вработените и беа примени од Секретарот и вработените во општината.   Со своето присуство им го разубавија денот и им упатија порака да бидат секогаш насмеани…

АСФАЛТИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ ДАМЈАН-ПОГУЛЕВО

Со полн интензитет се изведуваат градежните работи од тековните проекти во општина Радовиш Локалниот пат од село Дамјан до село Погулево се асфалтира. Трасата е во должина од 1,9 км., ширина од 3,5 м. Инвеститори на овој пат се општина Радовиш и Центарот за развој на Југоисточен плански регион а изведувач фирмата Портланд од Струмица.…

ОДЛУКА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ ПАРКИНГ ЗА ВРЕМЕ НА „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“

Советниците вчера на 17-итна седница едногласно донесоа одлука за ослободување од плаќање на паркинг простор за претстојната манифестација „Самун ем Татлија“ за деновите 30 септември, 1 и 2 октомври 2о22 година.

ОДБЕЛЕЖАНА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА СПОРТОТ

Општина Радовиш во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Федерацијата за училишен спорт во изминатите два дена ја одбележаа Европската недела на спортот. По тој повод во основните општински училишта „Никола Карев“ и „Крсте Петков Мисирков“ во соработка со професорите по спорт, беа одржани спортски активности во кој беа опфатени повеќе од 50…

ОДРЖАНА 16 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Советот на општина Радовиш денеска ја работеше 16 редовна седница. Седницата беше одржана во салата за состаноци во зградата на општина Радовиш. Советниците работеа со усвоен дневен ред од 27 точки.

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА 16 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа, член 19 став 2 од Статутот на општина Радовиш и член 51 од Деловникот за работа на Советот на општина Радовиш, се донесе Решение за свикување на 16 седница на Советот на општина Радовиш.   Седницата ќе се одржи на 27.09.2022 година во салата за…

СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД „СОС ДЕТСКО СЕЛО“

Градоначалникот Ацо Ристов вчера имаше средба со претставници на СОС Детско село Скопје, а беше разговарано за проектот „Унапредување на системски недостатоци -Поддршка на реформите во системот за заштита на деца. На оваа средба се разговараше за идни заеднички активности, каде што ќе биде организран настан и повик до граѓаните за пријавување на згрижувачки семејства…

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО КАМП ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ИНОВАЦИИ ЗА МЛАДИ

Почитувани,   Би сакале да Ве известиме дека Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамки на проектот „Бизнис екосистем како интегриран систем – БИ ИН“ , финансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Р. Северна Македонија, организира КАМП ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО И…