Изложба 19 - 21.06.2013 година
Напишано од Александар Јашков   
Среда, 19 Јуни 2013 07:20
Последно освежено на Среда, 19 Јуни 2013 07:30
 
Јавен конкурс за идејно решение за промена на грб и знаме
Напишано од Александар Јашков   
Четврток, 13 Јуни 2013 10:39

13.06.2013 година, Општина Радовиш

Комисијата за спроведување на постапката за промена на грбот и знамето на општина Радовиш, распишува:

 

ЈАВЕН КОНКУРС

 

Општина Радовиш распишува јавен конкурс за идејно решение за промена на грбот и знамето.

Конкурсот е анонимен.


ПРОЕКТНА ЗАДАЧА


Грбот и знамето на општина Радовиш треба да го отсликуваат локалниот амбиент, културното наследство и да имаат соодветни симболи кои се препознатливи за општина Радовиш.

Предлозите за идејно решение за грб на општината треба да бидат издржани и да не отстапуваат од хералдичките правила.

Предлогот треба да биде изработен и доставен во електронскаи печатена форма. Предлогот кој ќе биде доставен само во електронска или печатена форма нема да биде прифатен.


Општината ќе ги откупи трите најдобри решенија и ги задржува правата за нивна понатамошна употреба и користење.

 

Конкурсот за идејно решение трае 30 дена.

 

Заинтересираните своите предлози да ги достават во затворен плик со назнака: „за јавен конкурс за грб и знаме на општина Радовиш“, на адреса:

 

Општина Радовиш

булевар „Александар Македонски“ бр. 2

2420, Радовиш

Последно освежено на Недела, 16 Јуни 2013 11:45
 
МУЛТИ-ФУНКЦИОНАЛНО ИГРАЛИШТЕ ВО ЈАРГУЛИЦА [13 06 13]
Напишано од Александар Јашков   
Петок, 14 Јуни 2013 11:29

Thumbnail imageВчера во Јаргулица беше пуштено во употреба Мулти-функционалното игралиште. Oвој проект е еден од повеќето проекти кои се реализираат или се во завршна фаза на реализација од Програмата на Градоначалникот г-дин. Сашко Николов. Инаку оваа Игралиште е со повеќе намени од каде што жителите на Јаргулица ќе можат да спортуваат и рекреираат играјки фудбал, кошарка и други спортски активности. Инвестицијата е на Општина Радовиш и е во вкупна вредност од 60.000 евра, со најсовремено економично осветлување, каде што рефлекторите се на соларна енергија.

Thumbnail image Thumbnail image


Thumbnail image

Со овој проект и пуштање во употреба на Мулти-функционалното игралиште во Јаргулица се почнува со низата од финални реализации на дел од проектите низ населените места во Општина Радовиш кои се дел од Програмата 2013-2017 – истакна Градоначалникот на Општина Радовиш г-дин. Сашко Николов. На свечениот дел присуствуваа голем број на жители од Јаргулица и околните населени места, каде што имаа можност да го проследат и ревијалниот Фудбалски натпревар каде што како дел од екипите беа Градоначалникот Сашко Николов и Претседателот на Советот Никола Миовски.

 
Обновување на хоризонталната сигнализација
Напишано од Александар Јашков   
Сабота, 08 Јуни 2013 01:13
Thumbnail image

Општина Радовиш ја обновува хоризонталната сигнализација во централното градско подрачје. Со овој зафат се обновуваат пешачките премини, хоризонталната патна сигнализација и банкините на тротоарите со нови бои и со тоа се допринесува за зголемување на безбедноста во сообраќајот, а пред се зголемување на безбедноста на пешаците. Овие работи се изведуваат на улиците кои се дел од централното градско подрачје, како ул. „22ри Октомври“, кеј „8ми Септември“, ул. „Св. Спасо Радовишки“, булевар „Александар Македонски“, ул. „Илија Алексов“, ул. „Ленинова“, ул. „Партизанска“ и многу други.

dscn0553
dscn0554
dscn0555
dscn0556
dscn0557
dscn0558
dscn0559
dscn0561
dscn0564
dscn0602
dscn0605
dscn0608
01/12 
start stop bwd fwd

 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Лист 1 од 88
deutsche bank es cirsa