ПРОЕКТ ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА: ОДРЖАН ПРВИОТ СОСТАНОК НА ЛОКАЛНАТА ГРУПА НА ЧИНИТЕЛИ

Во Радовиш се одржа првиот состанок на Локалната група на чинители за проектот Зелена Топлина, финансирана од Европската Унија. Проектот има за цел да воведе комунално централно греење базирано на обновливи извори на енергија во пет јавни згради во градот. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, кој го презентираше проектот пред членовите…

ОПШТИНА РАДОВИШ ЦЕЛОСНО СЕ ВКЛУЧУВА ВО ПРОЕКТОТ ,,ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

12.05.2023 год. – Петок, ќе биде денот „Д“ за чист Радовиш. Како дел од Проектот „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“, општина Радовиш во соработка со општинските јавни претпријатија, јавните установи и институции, невладини организации и приватните компании ќе спроведе масовна акција за чистење на дивите депонии, речните корита, парковите и останатите зелени површини во градот и населените места.…

ОДРЖАНА ТРИБИНА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ВО ОПШТИНА РАДОВИШ

Како дел од проектот „Здружени и гласни за општество без дискриминација“, Мрежата за заштита од дискриминација во соработка со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Општина Радовиш на ден 25.04.2023 год., Вторник во 13:00 час. во салата на Советот на општина Радовиш, организираше Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во…

НОВИТЕ ДИГИТАЛНИ УСЛУГИ ДОСТАПНИ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Со успешната реализација на проектот ‘Пост-КОВИД: Општините како двигатели на одржливиот развој’ кој се реализираше во соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој и партнерство со Општина Конче, новите услуги веќе се достапни за граѓаните. Новата дигитална алатка опфаќадваесет општински услуги со можноста задополнително проширување…

ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРКА НА ОДОБРЕН УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ СО ПЛАН ЗА ПАРЦЕЛАЦИЈА ЗА ПРОМЕНА НА ГРАНИЦИ НА ГП A.5 и ГП A.7, дел од ДУП за УБ 3

  РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОПШТИНА РАДОВИШ Бр.26-89/5                                          од: 22.03.2023г.   ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРКА НА ОДОБРЕН УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ СО ПЛАН ЗА ПАРЦЕЛАЦИЈА ЗА ПРОМЕНА НА ГРАНИЦИ НА ГП A.5 и ГП A.7,дел од ДУП за УБ 3  во Радовиш, ОпштинаРадовиш   До: Петре Коцев од Радовиш, со полномошно на Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други…

ОБЈАВА ЗА ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА НЕДВИЖНИ СТВАРИ – ПРОСТОРИИ ПОД ЗАКУП ВО СРЦ „25 МАЈ“

Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и член 57 – а од Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и ствари во општинска сопственост („Службен весник на Р.М“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18), Одлука за давање на недвижна ствар под закуп на УО…

ПРОДОЛЖУВА ЗГРИЖУВАЊЕТО И СТРУЧНИОТ ТРЕТМАН НА КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ

Драги сограѓани, општина Радовиш продолжува организирано да се грижи за намалувањето на бројот на кучињата скитници. Во соработка со Ветеринарната станица Неготино, денес беше извршено организирано заловување, по што најпрво ќе следува идентификација на микрочипови а потоа вакцинација против беснило, антипаразитски третман како и тест за социјализација.   Би сакале да упатиме апел до здруженијата…

27 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ

27. седница на Советот на општина Радовиш денеска беше со дневен ред од 50 точки, и предложени 3 точки од дополнувањето на дневниот ред. Советниците имаа можност да разгледуваат и дебатираат за голем број на Предлог-програми и Предлог-одлуки, но на почетокот имаа можност да постават Советнички прашања на кој одговор даде Градоначалникот на општина Радовиш,…

ЗАВРШИ ОДБОЈКАРСКИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА

Во деновите од Четврток до Сабота, Радовиш беше домаќин на одбојкарскиот куп на Македонија. Победници и освојувачи на купот во машка конкуренција е Одбојкарскиот клуб „Струмица Никоб“ а во женска конкуренција Одбојкарски клуб „Работнички Скопје“ Медалите и пехарите на најуспешните ги доделија претставниците од Извршниот одбор од Одбојкарската федерација на Македонија и Градоначалникот на општина…

РЕАЛИЗИРАНА ИЗГРАДБАТА НА УЛИЦА „ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ БАТО“

Со последната фаза од градежните работи, денес се комплетира изградбата на улицата „Видое Смилевски Бато“ која изнесува 6,5 мил. денари. Продолжуваме со решавање на приоритетите на граѓаните.